Победа на младинките на ЖФК Каменица САСА на гостувањето во Струга. Во неизвесен и возбудлив меч,гостинките од Каменица заслужено дојдоа до трите бода. Ја надиграа екипата на домаќинот ЖФК Асс Јунајтед со 0:2.Стрелци на головите беа Јована Петрушевска и Стефи Маринковска, која пред само неколку денови потпиша договор за настап и со сениорскиот тим на ЖФК Каменица САСА. Во краткото соопштение од стручниот тим за играта на младинките објавија дека биле “Одлични, борбени и мотивирани во играта и целосно го надиграа домаќинот”.