Два протеста се одржаа денес пред Бугарскиот парламент. На првиот приврзаници на политиката партија Преродба, побараа оставка на Владата. Вториот е во организација на невладина граѓанска организација, која бара Собранието да донесе одлука за неутралнен статус на Бугарија во Руско –Украинската војна. Меѓу протестантите имало и лица со симболот „З“ на грбот , што е е прокремаљски симбол на руската војна во Украина, јавува БГНЕС.