Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња.