Од први овој месец штипската Клиничка болница петкратно ќе ги намали трошоците за електрична енергија,најави денеска директорот Ален Ѓеорѓиев. Обезбеден е нов добавувач на струја, откако во јануари годинава преѓашниот го раскинал договорот. Тоа значи дека сметките за првите месеци од оваа година тежат четири милиони денари,а до декември лани само 700 илјади.
Со домаќинско работење, деновиве болницата го збогати возниот парк со уште едно ново болничко возило марка Пежо партнер,вредно два милиони денари. Возилото е со најсовремена опрема за давање на здравствени услуги на пациентите.
Покрај петте нови возила, во функција од возниот болнички парк се уште две со поодминати години на старост.