Општините воглавно работат лошо и тоа е поради објективни но и субјективни причини. Има системски проблеми , кадровски ограничувања но и изобилство од самоволие иако во последно време состојбата оди на подобро, изјави професорот и економски експерт Борче Треновски
За да се спречат или санкционираат финансиски и други аномлаии во општините постојат два типа на ревизии и тоа , интерни, кои не сите општини ги имаат, и државни чии службеници често можат да се видат но не секаде . Има општини кои никогаш од своето постоење не виделе ревизори и нивното работење не било контролирано.
Поради сите овие причини, апсурдно е на општините да им се помага со буџетски пари за тие да излезат пд проблемите.