Работата на изградба на мостот кај м.в.Мавровица, во Свети Николе, се одвива со динамика побрза од предвидувањето. Денес се врши бетонирање на плочата, а очекувањата се дека се градба ќе се заврши во предвидениот рок даден на изведувачите. Станува збор за инвестиција од 7,7 милиони денари од кои половината се обезбедени преку Биро за регионален развој, а останатите од општинскиот Буџет.