Со одлука на беровскиот совет, поддржана од сите советници, улицата 20 во берово е преименувана во Жан Кафол.
Иницијативата, за преименување на улицата, пред советот беше поднесена од страна на Градоначалникот на Општина Берово, во знак на постхумно одликување, по името на хуманиот херој, Жан Кофол, кој загина во сообраќајна несреќа, а кој даде свој придонес во гаснењето на пожарите кои беснееја во Малешевијата.