Младите мора да добијат соодветно и стручно образование, а не само дипломи. Само на овој начин, тие ќе си обезбедат соодветна и добро платена работа во стопанството, а фабриките ќе добијат обучен кадар, подготвен во работниот процес да се вклучи веднаш.
Соработката меѓу средните стучни училишта и стопанството и заедничкото креирање на образовни програми и профили, е нешто за кое се зборува многу, но досега резултатите се минимални.
Првите конкртенти резултати се очекуваат со т.н. дуални паралелки. Во моментов , во државата има 220 дуални паралелки, а во регионот лидер е Кочани со 5.
Моделот на дуално образование, во европски рамки се покажал како исклучително добар и во последните две години интересот за него се зголемува и кај нас.
Сепак, бројките и резултатите, се уште се далеку и од очекуваните и од потребните.