Министерството за труд и социјална политика објави дека за време на деновите на најавениот штрајк установите кои згрижуваат деца од преучилишна возраст ќе ја вршат својата дејност. Штрајкот на вработените е уставно право, но тие се должни да обезбедат минимум непречено функционирање на установите, информираат од министерството.