По две катастрофални години производтвото во индустриските зони во првиот квартал од годинава покажува дека компаниите застануваат на нозе. Бидејки е регистрирана највисока економска активност во однос на извозот и на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.
Во првиот квартал од 2022 година извозот од индустриските зони достигна 851,6 милиони евра што претставува пораст од речиси 10% во однос на истиот период лани и над 42% во однос на 2020г. Во однос на првиот квартал од 2019 година растот изнесува 22,5%, а во однос на 2018 извозната активност во првиот квартал е зголемена за речиси 55%, стои в Извештајот.
Освен значајно поголема произвидна активност, Зоните во државата достигнуваат и највисоко ниво на вработеност досега која посебно е изразена во март.
Во компаниите во ТИРЗ сега работат 14.512 лица што е за речиси 5% повеќе во однос на истиот период лани, а споредено само со почетокот на годинава над 500 нови се вработиле во ТИРЗ компаниите . Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што ТИРЗ во 2021 година постигна договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат вкупно 2.700 нови работни места, потенцира Извештајот.