Поранешниот словенечки премиер Антон Роп бара отштета од 127.000 евра во тужба против државата поради судска одлука од 2013 година, со која е осуден на казна од 10.000 евра за „откривање државна тајна“. Според словенечките медиуми, Роп рекол дека бил неправедно обвинет, а подоцна и незаконски осуден, додека пресудата на крајот била отфрлена од Врховниот суд и оти поради тој случај претрпел материјална и нематеријална штета.