Со доброволно дарување на крв,денеска вработените од штипската Царинарница го одбележаа денешниот ден на здравството, но и како што велат нивниот 14 април ден на македонските цариници.Во просториите на штипскиот регионален центар за Трансфузиологија царинарниците го реализираа овој хуман гест со единствена цел.
Вработените од Трансфузиологија не го криеа задоволството од хуманите побуди на царинските работници.
Во двочасовната акција се собрани 20 единици крв.