На Институтот по славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта денеска се одржа настанот „Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ со предавање и дегустација на македонски вина. Настанот беше организиран од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ од Скопје, а за македонските вински региони и вина зборуваше докторантката Георгина Једиковска.