11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Нова неизвесност со маслото за јадење.  Во паника сме за  сурово масло, признава сопственикот на Брилијант Симон Наумовски.

Србија нема да ни извезе сурово сончогледово масло од кое, по преработка, се добива масло за јадење, изјави  за „Слободен печат“, Симон Наумовски, директор на фабриката „Витаминка“ во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“.

Суровото масло за јадење не се споменува ни во Закучокот што го објави Владата на Србија, а според кој се одобрува извоз во Македонија на меркантилна пченица и на меркантилна пченкa.

Наумовски вели дека буквално се растрчани насекаде, затоа што се загрижени за тоа како ќе го продолжат производниот процес.

Искрено кажано во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово маслозатоа што српската Влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нас ни требат 200 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

Штотуку Стабилизираното  присуство на маслото за јадење   во малопродажбата   со оваа  изјава   повторно  доага   во прашање  исто како и ризикот од  повисоки цени. Дали граганите по оваа изјава  очекуваат  промени?

Инстинктот и искуството на  потрошувачите  и овој пат се покажуват како точни  бидејки  нив никој не може да ги гарантора па ниту  сопственикот на Брилијант.

Тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае.. Ништо не зависи од нас  и ние сме немокни, потврди Наумовски.

Најавата дека Брилијант може да влезе во сериозна производни проблеми е изненадување , бидејќи пред само 15-тина дена од компанијата потврдија дека производствениот процес не доаѓа во прашање, бидејќи залихи имаат за следните три месеци.

„Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, со капацитет кој е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles