Oд СОУ „М.М.Брицо“ 36 ученици се опфатени во рамките на најголемото меѓународно истражување ПИСА кое денеска се спроведува во Делчево. Истражувањето кое е во рамките на Програмата за меѓународно оценување на учениците опфаќа ученици на возраст од 15 години, а на државно ниво овој период ќе бидат тестирани вкупно 7800 ученици. Во рамките на тестирањето се оценува подготвеноста на учениците за животот како возрасни, се мери научна, математичка, писменоста за читање, како и креативно размислување.