Дознаките од странство се вратија на преткризното ниво, со тоа што минатата година остварија раст на годишна основа од 44%. Тие се многу значаен девизен потенцијал за нашата економија, но и извор на финансирање на потрошувачката на домаќинствата, смета гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Според анкетите на Народната банка, околу две третини од дознаките се користат за финансирање на личната потрошувачка.