16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Криза за масло сепак ќе нема. Суровини Србија веројатно ќе испрати уште наредната недела

Криза за масло за јадење во Македонија сепак ќе нема. Србија , веројатно ќе испрати суровини за работа на домашните фабрики за масло уште во текот на наредната недела.

Ова е епилог на вчерашниот разговор помеѓу министерот за земјоделство Љупчо Николовски  и потпретседателот на владата на Р.Србија, Бранислав Недимовиќ, откако вчера сопственикот на Витаминка Симон Наумовски, во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“, истакна дека имаат сериозен проблем со набавка на масло за преработка.

„ По одлуката за кревање на рампата за меркантилна пченица и пченка, се работи  и на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење. Се очекува таа да биде донесена следната недела“, информираат од Министерството за земјоделство.

Сепак  од компаниите за производство за масло за јадење поради растот на цените на суровините велат дека не е исклучена можноста за зголемување на продажната цена.

Во моментов, маслото за јадење од марката Брилијант кое се уште се продава по цена од 115 денари, речиси и да не може да се најде во малопродажба, а маслото од останатите марки е со цена од 134 денари.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles