За првите три месеци од годината, за прекршоци во сообраќајот полицијата напишала 4.360 казни или речиси по 50 на ден.
На списокот на казнети има и возачи и пешаци, а најмногу непочитување е регистрирано кај ограничувањата на брзината за возење, покажуваат полициските статистички податоци.
Во однос на јануари – март минатата година, бројот на изречени казни е за 1.150, односно за 27 % поголем. Добра вест е што во март нема ниту една жртва во сообраќајот.
Од полицијата потенцираат дека акциските контроли се во насока на превентивно делување и ставење ред во почитувањето на сообраќајните правила и прописи кои се клучни за безбедност на патиштата. До возачите и пешаците апелираат за одговорност, а нивни екипи остануваат на контролните пунктови.