Првиот ден од штрајкот во образованието на маса повторно и тоа многу бргу ќе ги одведе Синдикатот и Владата а тоа може да се случи доцна вечерва или можеби утре. Во текот на денот претседателот на СОНК Јаким Неделеков повторно најави дека очекува повик и разговор бидејќи штрајкот не е добар за никого.
Ова очекување на Неделков коинцидира со ставот на Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, решението е само едно.
Во социјално сериозно напнатата состојба од една и можностите на другата страна сигурно е дека ќе има и компромис бидејќи двете страни за него веке се изјаснија.
Во меѓувреме, најголемиот дел од вработените во училиштата и градинките во источниот регион го поддржаа штрајкот на СОНК, со ислучок на мал број наставници кои сепак, држеа часови.
Иако се штрајкуваше и во градинките , проблеми со прием на децата и нивно згрижување немаше.
Ресорниот министер Јетон Шеќири денес истакна дека го почитува правото на штрајк, но според него, тоа требаше да биде последно решение.
СОНК обединува околу 30.000 членови кои денес го прекинаа работниот процес и бараат усогласување на останатите плати со порастот на минималната и стриктно почитување на класификацијата за сложеност на труд.