Германската амбасада во Скопје донираше возила и опрема во вредност од 675 илјади евра за потребите на Одделот за гранични работи и миграција при Бирото за јавна безбедност на МВР. Донацијата се состои од: 17 возила од кои 10 теренски, 3 комби возила и 4 специјални возила за транспорт на криумчари на мигранти, термални камери со краток и долг домет, дневни и ноќни двогледи за зголемена ефикасност и безбедност во постапувањето на припадниците на Граничната полиција.