Претставници од Средното стручно училиште од Пирот, Р. Србија и од делчевскиот средношколски центар, денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на проектот „Супер училишта“ што ги поврза двата средношколски центри од двете држави. На состанокот се разговараше за предизвиците од дуалното образование и за подобрување на квалитетот на стручното образование.