15.9 C
New York
Friday, September 29, 2023

Buy now

spot_img

100-тина сопственици во беровско не можат да ги користат своите имоти кои сега се дел од заштитениот предел Малешево. Тврдат дека се оштетени  и изманипулирани

100-тина сопственици во беровско не можат да ги користат своите имоти кои сега се дел од заштитениот предел Малешево. Иако нивните шуми се дел од зоната која подразбира можност за одржливо стопанисување, веќе втора година на нив не им се даваат дозволи за сеча или транспорт на дрва од нивните имоти.

Сопствениците на имоти сега тврдат дека не само што се оштетени, туку се и изманипулирани.

Вината за состојбата беровци ја лоцираат и во општината за која тврдат дека постапката за јавна дебат ја спровела нетранспарентно  и во министерствата кои си ја префрлале топката и не им одговориле на барањата.

Поради ова познатите беровски приватни кории, сега повеќе се проблем отколку корист за сопствениците кои преку протести и тужби ќе си го бараат своето загарантирано право, да можат да си го користата своето.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,874FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles