По пауза од 20 години во центарот за култура ,,Ацо Шопов” повторно ќе се организира детскиот фестивал ,,Весело штурче” под раководство на Филип Стефановски.
Како мотив за повторно организирање на фестивалот е потребата најмладите да се вклучат во културниот живот, да ги покажат своите способности, а секако да се промовираат и нови автори.
Фестивалов ,,Весело штурче” претходно се одржуваше во склоп на ,,Макфест” и доживеа 5 изданија во кои најмалите можеа да ги покажатсвојот талент.