Претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов додели 4 спортски стипендии наменети за дечиња кои тренираат ракомет и фудбал во спортските клубови во Делчево. Средствата за стипендиите се издвојуваат од советничкиот паушал кој претходно најави дека ќе го донира. Во таа насока досега Попов обезбеди три донации, меѓу кои и средстав за поправка на детско игралиште , како и 40 украсни садници (смарагд-туи) во село Тработивиште.