Штипски Соколи загуби уште една средба од противник во долниот дел на табелата во Втората лига- Тетекс.Штипјани на оваа средба настапиле со преполовен тим, без најдобрите кошаркари.
„Тоа е точно. не игравме комплетни, но сметам дека средбата со Тетекс не одлучуваше ништо за нас. Во ова коло загуби и Вардар, Во последното коло во недела во Штип играме со Црн Дрим. Во евентуалниот плеј оф ќе играме во последното коло во разигрувањето со ВАРДАР. Со евентуална трета победа против скопјани, влезот за штипските кошаркари во Првата лига е отворен,тврди првиот човек на Соколи 1933, Томче Томев.