Денеска поштенските работници стапија во генерален штрајк. Бараат линеарно покачување на платите. Предлогот е доставен до Управниот одбор на Македонски пошти од каде добиле предлог за висината на линеарното покачување да биде 3000 денари.
Крајниот збор дали предлогот ќе биде прифатен го имаат основните синдикални организации во поштата.Ако го прифатат штрајкот се прекинува. Во спротивно истиот ќе трае до исполнување на барањето. Во мегувреме У.О. оптимист дека штрајкот ќе биде еднодневен.
Ако се договорат,ќе следи потпишување на спогодба со што во јуни платите повисоки за 3000 денари ќе добијат 1700 вработени од техничкиот сектор на поштата,додека во август, останатите 464 административци.