Вкупно 253 милиони денари изнесува финансиската поддршка на 103-те договори за набавка на високопедигриран добиток. Заедно со предвидените инвестиции на апликантите, сумата што ќе се вложи за зголемување на сточниот фонд, ќе биде 400 милиони денари или седум милиони евра, информираат од Министерството за земјоделство.