Нагло опаѓање на довербата во владата на премиерт Кирил Петков , и во владејачкото мнозинство покажа истражувањето на „Алфа Рисрч“ за политичките ставови на Бугарите. Според истражувањето спроведено помеѓу 8 и 14 април, овој тренд дополнително се продлабочи по јавната поделеност меѓу коалициските партнери. Очекувањата на граѓаните дека кабинетот ќе успее да ги контролира актуелните кризи се доминантно песимистички.