Зголемувањето на минималната плата не го зголеми производството како што се очекуваше и како што беше најавувано. Од текстилниот и чевларскиот сектор потврдуваат дека ефектите се спорадични и речиси неприметливи.
Проблемот со работниот менталитет и слабата продуктивност ги коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бесими кој во колумна објасни.
Постојаното инсистирање на поголеми плати и нивното зголемување без реално покритие низ зголемено производство води во уште поголеми проблеми и инфлација што кај нас е реално да се случи бидејќи нашите работници во споредба со европските се двојно понепродуктивни, напиша Бесими.
Ова, земјата ја става на листата на неконкурентни за инвестирање и вон соработка бидејќи не само многу азиски , туку со големата продуктивност и земји од Европската унија за нарачателите се далеку поисплатливи.
За споредба, минималните плати во нашето опкружување се следните; Македонија 300, Србија 300, Бугарија 330 БиХ 277, Албанија 236 и Црна Гора 450 евра.