Земјоделските стопанства од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на Интервентниот фонд, соопшти Платежната агенција. Со Програмата е предвидена финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња, за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет, како и за одгледување кокошки несилки, за што се обезбедени 400 милиони денари.