15.9 C
New York
Friday, September 29, 2023

Buy now

spot_img

На функционерите  никако  не им се штеди  ниту во криза. Еден месец по рокот, извештај  од кое трошење ќе се откажат се уште нема.

Иако владата донесе мерки за штедење поради  енергетскта и воената криза од војната во Украина,  функционерите досега  не покажаа кооперативност  и разбирање  за состојбата.

Од нив, државата до 21 март  очекуваше  извештај   како ќе заштедат 10 проценти од парите кои ги имаат за трошење во ставката стоки и услуги која  во буџетот тежи 327 милиони евра. Со други  зборови,  од нив  владата побара институциите да се откажат од 32,7 милиони евра.

Еден месец по истекувањето на рокот,  до Министерството за финансии стигнале известувања дека тие  можат да заштедат  само 6 милиони евра.

„Согласно досегашните обработени податоци од доставените предлози за рационализација на трошоците, вкупните заштеди би изнесувае 363 милиони денари , однонсо,5,902.439 евра. Откако ќе се обработат податоците од сите буџетски корисници ќе ја известиме јавноста за вкупните заштеди остварени со Одлуката за штедење со антикризните мерки“,  велат  од Министерството за финансии.

Од ресорот  финансии нема одговор колкав процент од податоците се обработени во меѓувреме  и што со оние  функционери и институции кои нема да поднесат  Извештај за штедење. Оттука, прашањето е дали воопшто поедини функционери и имаат намера да штедат?

Освен државните јавни претпријатија ,  со  препорака за штедење  беа  задолжени и  Јавните локални препријатија и општините.  Дали тие  ги слушнаа и применија препораките?

Парите кои и едните и другите требаше да ги заштедат  се однесуваа за  штедење  и рационализација   на  сите буџетски корисници и правни лица основани од државата  за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително, но и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.

Јавните претпријатија и АД во државна сопственост требаше да ги намалат тековните расходи за 15% и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена. Досега, ефектите се  споменатите едвај 10%.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,874FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles