По 20 години, штипските пинг понгарки од клубот Шампиони ФА, ја вратија титулата шампиони во пинг понг на Македонија. Во претпоследното коло, штипјанки ја потврдија доминацијата победувајќи ги сите девет екипи од сениорската пинг понг лига на Македонија. Последното коло од пролетниот дел, за шестчлениот победнички тим ќе биде само формалност со пинг понгарките од Берово.