16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Стардална седмица – Велика среда

Великата среда од страдалната седмица е уште една поука и повик за духовно соединување со Исус и покајание.

На овој ден, Исус Христос се наоѓа во куќата на лепрозниот Симон во Витанија. Таму влегува една побожна  жена со миро. Сакајќи да ја покаже почитта кон Спасителот, таа го крши садот и со масло го премачкува Исус. За ова дело, останатите ја прекоруваат велејќи и дека можела маслото да го раздаде на сиромаси. Но Исус им се обраќа со зборовите : Сиромаси секогаш ќе имате околу себе, но не и мене. Со оваа сцена, светата црква на Велика среда не’  потсетува да се свртиме кон нашата духовна состојба и со нашите покајнички солзи да го миросаме Исуса.

Истовремено,  Велика среда се поврзува и со големото предавство на Јуда кој токму на овој ден, за 30 сребреници го предава Исус. Оттука, Велика среда е вистинскиот ден верниците да се преиспитаат дали со своите небогоугодни дела не го предаваат Исуса.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles