15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

9-мина оризопроизводители од Коченско денес беа на суд. Додека лани протестираа го нарушиле јавниот ред и мир 

9-мина оризопроизводители од Кочанско денес наместо во полињата беа на суд. Против нив се води прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир, затоа што иако пријавиле дека за време на протестите ќе биде затворена за сообраќај само едната коловозна лента, патот бил целосно блокиран.

Во судот, оризопроизводителите се појавија сами, без адвокат, зашто се убедени дека правдата е на нивна страна.

За оризопроизводителите, поднесените  пријави од полицијата и денешното судско рочиште се обид да се изврши притисок врз нив.

Пријавите на оризопроизводителите им се поднесени за протестите лани во септември  организирани поради ниската откупна цена, неисплатени субвенции и ковид додаток.

На ниската откупна цена тие реагираат и сега,  поради што голем дел од производството се уште стои непродадено.

Во меѓувреме, во тек е овогодинешната сеидба која во Кочанско се одвива на површина од 4.000 ХА.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles