15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

 Премиеорт Ковачевски и синдикалецот Димовски  тврдат дека  СОНК не е искрен  преговарач и вработените во образованието ги  става  во заблуда.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека  решение за штрајкот во образованието може да се најде, но  доколку од другата страна, преговарачот Јаким Неделков, биде  искрен кон членството и доследен  на Законот .

Идентично со Ковачевски размислува и претседателот на ССМ Дарко Димовски  кој  денес ја откажа поддршката на СОНК  бидејќи смета дека  СОНК и Неделков  штрајкот не го спроведуваат според Законот за штрајк и Законот  за усогласување на платите. 

Од своја страна, во изјава за ТВ Стар  претседателот на СОНК  Јаким Неделков категорино ги отфрли овие обвинувања . Смета дека  ништо  нема противзаконски  во спроведувањето на штрајкот  и дека решението се разговори а не  обвинувања.

Правото на штрајк е со закон загарантирано право. Нашето членство строго се придржува до сите пропишани акти, а сите обвинувања се форма на притисок, смета  Јаким Неделков, претс. на СОНК.

Во  исто време,   загрижени за крајот на училишната година  и  роковите за упис на домашните и  странски факултети се огласија и средношколците.

Има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе им се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа бараме итно решавање на проблемот, реагираат од средношколскиот сојуз.

 Вклучувајќи до денешниот ден и претстојните празници, штрајкот во образованието  собра стаж од 2  недели  а  со голема неизвесност за решавање на ситуацијата влегува  и во  третата.  

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles