Молкум со молитва кажана во себе, денеска верниците од православната исповед го одбележуваат Велики Петок, најтажниот ден во христијанството. Денот кога Исус Христос, распнат на крст го предал својот дух на Бога.
Верниците едногласни, спровнувањето и палењето на свеќи како симбол на тажниот ден, предвесник за саботната полноќ– Христовото воскреснување од мртвите.
Утре е Велика Сабота. Ден кога сите ја очекуваат најважната вест,темелот на христијанството, победата на животот над смртта.