Згооемена сообраќајна фреквенција од утрово е регистрирана на сите гранични премини како резултат на продолжениот празничен викенд. Во изминативе 24 часа, во двете насоки, само границата кон Грција ја поминале 7.500 туристи кои, поради вршење на задолжителните полициски и царински формалности, не се задржале повеќе од пет минути, велат од дежурната гранична служба.