Најдобриот македонски каратист, светски вицешампион,Емил Павлов првиот настап годинава ќе го има на ЕП во екипна конкуренција за репрезентацијата на Македонија. Потоа следува настапот на Медитеранските игри во Турција, На 5 јули ќе настапи на Светските спортски игри налик на ЛОИ. Ќе се одржат во САД. На овие игри ќе настапат по 8 натпреварувачи во секоја олимписка категорија, Емил Павлов ќе биде единствениот македонски натпреварувач на Светските игри во САД.