Претседателот на бугарската парламентарна опозициска партија Движење за права и слободи, Мустафа Карадај ги повика бугарските граѓани со турско потекло кои емигрирале во Турција на крајот од владеењето на Тодор Живков да се подготват за избори по 2 мај. Во својот говор на хуманитарната вечера во турскиот град Чорлу, Карадај побара од бугарските иселеници во земјата да бидат подготвени за предвремени избори во Бугарија. По Бајрам сите да се подготвиме за предвремени избори, рече Карадај