Со дрвена палка, во семејниот дом, син вчера го нападнал својот 68-годишен татко. Причините за нападот ги истражува полицијата, а синот – насилник, лице на возраст од 45 години е задржан во полициска станица. По комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.