Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица. Таа истовремено апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобрата и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.