„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари, како резултат на покачувањето на суровината. Според директорот на фабриката Коста Ташков, овото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.