Во тек е асфалтирањето на три нови улици во општина Карбинци. Некои од нив асфалтен слој добиваат по прв пат. За истите општината одвоила 1.500.000 денари од сопствениот Буџет.
Ова драстично ја менува сликата на терен, но и квалитетот на живот на тамошните жители.
Во оваа пролетна офанзива градоначалникот Виктор Паунов најавува и реконструкција и изградба на нови спортски центри.