Двајца кочанчани се со кривична пријава за злоупотреба на средства на Европската унија. Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ .
Тие, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија.