Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски повторно е разочаран од Премиерот Димитар Ковачевски откако тој вчера го повика на средба да договорат датум за превремени избори и во кој правец во мегувреме ќе се движи државата.
Вчера Миоцвковски на прес конференција се закани дека, доколку неговите предлози наидат на ѕид, народот ќе тргне по своето.На прашањето, денес, што тоа значи, Мицковски објасни.
Без оглед на категоричноста што СДСМ и Ковачевски ја покажуваат во однос на ставовите на барањата на Мицковски, тој денес, уште еднаш повика на едиинство и заедничко решавање на приоблемите.
Освен по овие, Мицковски разочарување покажа и во однос на други прашања на кои одговараше денес, а, се однесуваа на генералната состојба во државата.
Инаку, Мицковски во Штип денеска беше по повод отворањето на СРЦ во штипската населба Баби.