Вниманието на градскиот пазар секогаш е насочено кон производите кои се нудат, но поинтересна приказна имаат оние кои истите им ги нудат на купувачите.
Повеќето јаболкари кај нас потекнуваат од Ресен, а најголемиот дел од нив уште од млади години доаѓаат на штипскиот пазар и продаваат.
Јаболките на штипскиот пазар се продаваа по цена од 100 денари за 3 килограми, па побарувачката е голема, но заработката мала.
Штипскиот пазар и денес изобилуваше со различни производи, а најбараните се продаваа по следниве цени:
Кромид 40 ден/кг, компир 40 ден /кг, цвекло 50ден/кг, марула 20, зелка 30 ден за парче, домат 110-180 ден/кг, банана 70, портокал 50, јаболка 25 и лимон 60 ден / кг.