Производството на храна доведено во прашање. Земјоделците бараат добра цена и откуп за стокови резерви. Ова особено се однесува на производството на пченица чија производна цена е речиси за двојно повисока од лани.
Можност за ублажување на состојбата се интервентните владини мерки, но тие, сами по себе не се доволни, сметаат од Федерацијата на фармери.
Во моментов, приоритет за Државата е производството на храна, па сите релевантни фактори од земјоделец до ресорно министрество, интензивно и координирано треба да се насочат во тој правец.
За долгорочно надминување на проблемот со производство на храна, од Федерацијата на фармери препорачуваат Државата да разработи долгорочна визија за земјоделството во следните 20 – 30, години и да ги задржи младите на село.