Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница. Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика.