Атина сака во најбрзо време да стане центар за снабдување со гас за цел Балкан. Во тоа би требало да послужи трансјадранскиот гасовод, сѐ уште незавршеното спојување на одводот за Бугарија и новиот одвод за Македонија. Грција досега покриваше околу 30 отсто од својата потрошувачка на гас од Русија, околу 1,6 милијарди кубни метри годишно. Веќе годинава две третини од овој увоз би требало да бидат заменети со алтернатива како што е гас од Азербејџан.