393 милиони евра е долгот на државните, локалните јавни претпријатија и болниците до државата. Што е уште полошо, освен шт должат, овие институции со лошото финансиско работење продолжуваат и понатаму.
На крајот на минатата година тие имале доспеани, а ненаплатени обврски од речиси 393 милиони евра, што е за 81 милион евра повеќе од почетокот на минатата година, потенцираат од Министерството за финансии.
Според сумите најмногу должат јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост кои на крајот на минатата година имале 179,8 милиони евра што е речиси половина од вкупниот долг . Она што е важно е дека нивниот долг пораснал за цели 54,8 милиони евра .
Следни на листата се општините со долг од 69,1 милион евра, или имале за 6,1 милион зголемување на обврските за само една година.
Во списокот на големи и непоправливи должници се и болниците кои годината ја завршија со обврски пд 68 милиони евра или 5,7 милиони евра повеке од годината претходно.
Општинските ЈП исто така трупаа долгови и тие стигнаа до должнички кратер од 59 милиони евра, односно 7 повеќе за само една година. Која е силата што нив ги тера во пропаст?
За експертите оваа тенденција е веке неиздржлива а товарот преголем за сите.